Училишен одбор

1. Орган на управување на основно училиште
Член 124
(1) Орган на управување на основното училиште е училишниот одбор.
(2) Училишниот одбор на основното училиште е составен од девет члена, и тоа: тројца претставници од наставниците, стручните соработници и воспитувачите од училиштето, тројца претставници од родителите на учениците, двајца претставници од основачот и еден претставник од Министерството.
(3) Мандатот на членовите на училишниот одбор е три години, а мандатот на претставниците на родителите е за период до завршување на основното образование на нивното дете, но не подолго од три години.
(4) Училишниот одбор од редот на своите членови избира претседател со мнозинство гласови од вкупниот број членови, по пат на тајно гласање.
(5) Одлуките на училишниот одбор се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови.
Член 125
(1) Наставниците, стручните соработници и воспитувачите во основното училиште своите претставници во училишниот одбор ги избираат непосредно и тајно.
(2) Претставниците од наставниците, стручните соработници и воспитувачите во училишниот одбор ги избира наставничкиот совет.
(3) Претставниците на родителите ги избира Советот на родителите непосредно и тајно.
(4) Постапката за избор на претставниците на вработените на основното училиште и родителите во училишниот одбор на
училиштето се утврдува со статутот на училиштето.
Член 126
(1) Училишниот одбор на основното училиште: донесува статут на основното училиште; предлага годишна програма за работа и
извештај за работа на основното училиште до советот на општината; донесува програма за развој на училиштето; донесува програма за воведување на повисоки стандарди и други програми; предлага финансиски план до основачот; предлага завршна сметка до основачот; објавува јавен оглас за избор на директор на основно училиште; врши интервју со кандидатите за директор; предлага на градоначалникот на општината еден, односно двајца кандидати од пријавените кандидати на објавениот јавен оглас за избор на директор; дава мислење до директорот за избор на наставниците, стручните соработници и воспитувачите; поднесува предлог до директорот за престанок на работниот однос на лицата од членот 96 став (1) на овој закон; одлучува по приговорите и жалбите на
вработените во основното училиште; одлучува по жалбите на ученици, родители, односно старатели на ученици; и врши и други работи утврдени со статутот на основното училиште.
(2) Училишниот одбор на основното училиште за поднесените жалби мора да одлучи во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на жалбата.

 

Орган на управување на основно училиште

УЧИЛИШЕН ОДБОР
-Орган на управување на основното училиште е училишниот одбор.
-Училишниот одбор на основното училиште е составен од девет члена, и тоа: тројца претставници од наставниците, стручните соработници и воспитувачите од училиштето, тројца претставници од родителите на учениците, двајца претставници од основачот и еден претставник од Министерството.
-Мандатот на членовите на училишниот одбор е три години, а мандатот на претставниците на родителите е за период до завршување на основното образование на нивното дете, но не подолго од три години.
-Училишниот одбор од редот на своите членови избира претседател со мнозинство гласови од вкупниот број членови, по пат на тајно гласање.
-Одлуките на училишниот одбор се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови.
-Наставниците, стручните соработници и воспитувачите во основното училиште своите претставници во училишниот одбор ги избираат непосредно и тајно.
-Претставниците од наставниците, стручните соработници и воспитувачите во училишниот одбор ги избира наставничкиот совет.
-Претставниците на родителите ги избира Советот на родителите непосредно и тајно.
-Постапката за избор на претставниците на вработените на основното училиште и родителите во училишниот одбор на училиштето се утврдува со статутот на училиштето.
Членови на управниот одбор:
Име и презиме
Претставници од редот на вработените:
  Ирена Мирческа
  психолог, стручен соработник;
  Силвана Савевска
  предметен наставник;
  Марија Л.Ѓоргиевска
  одделенски наставник.
  Жарко Петковски   Претставник од основачот
  Претставници од родителите:
  Соња Петковска
 претседател на училишен одбор
  Даниел Митевски
  Оливера Заковска
Училишниот одбор на основното училиште:
– донесува статут на основното училиште,
– предлага годишна програма за работа и извештај за работа на основното училиште до советот на општината,
– донесува програма за развој на училиштето,
– донесува програма за воведување на повисоки стандарди и други програми,
– предлага финансиски план до основачот,
– предлага завршна сметка до основачот,
– објавува јавен оглас за избор на директор на основно училиште,
– врши интервју со кандидатите за директор,
– предлага на градоначалникот на општината еден, односно двајца кандидати од пријавените кандидати на објавениот јавен оглас за избор на директор,
– дава мислење до директорот за избор на наставниците, стручните соработници и воспитувачите,
– поднесува предлог до директорот за престанок на работниот однос на лицата од членот 96 став (1) на овој закон,
– одлучува по приговорите и жалбите на вработените во основното училиште,
– одлучува по жалбите на ученици, родители, односно старатели на ученици и
– врши и други работи утврдени со статутот на основното училиште.
-Училишниот одбор на основното училиште за поднесените жалби мора да одлучи во рок од 15 дена од денот на
поднесувањето на жалбата.
 Превземено од:pdf-logo